Кога КоЦе би бил градоначалник на NY
Читам на градскиов отец му било досадно оти немало снег и дека Скопје му станувало премало за неговите визии. Му требало на човекот нешто поголемо, поспектакуларно, град каде жителите ќе станат посреќни од неговите идеи за поквалитетен живот во еден град. И си викам сигурно си мисли човекот вака:- Ако можеше прво Јурумлери, па Автокомада и Скопје да се усреќат што да не и Њујорк! И таму се луѓето несреќни како во Скопје… Што би можел овој голем Визионер да направи таму???

Сигурно ќе почнеше со логото на Њујорк, кое а малку старомодно сега. Јаболко…Хммм ко у Ресен да се па јаболко. Тоа е аут!!! На тој град му треба нешто ново, нешто оргинално, нешто ко двогледот на Водно!!! Тиква е ин сега а не јаболка.